Македонија

Што се случува во ДУИ во Тетово, има ли повторно незадоволства?

Формирањето на владата не го смири огранокот на ДУИ во Тетово. Како што известуваат партиски извори за Газета Лајм, сега, откако министерските места се поделени, крвта во тетовскиот огранок се вжешти за поделба на местата од вториот и третиот ешалон. Исто така, почна и процесот на „избор“ на најсериозните кандидати за градоначалници на локалните избори следната година, кога се очекува актуелната градоначалничка Теута Арифи да се повлече и да не се трка за нов кандидат.

Извори на Газета Лајм велат дека на еден дел од огранокот не му се допаѓа растот на рејтингот на претседателот на огранокот, Флорин Бесими. Но, и кај него има незадоволство поради тоа што морал да биде „жртвуван“ поради неговиот брат, Фатмир Бесими така што мораше да го врати својот пратенички мандат.

 

На почеток