Македонија

Заев: До крај максимилизација на санкциите на сите што не ги почитуваат мерките

Премиерот Зоран Заев, во интервју за Македонкста радиотелевизија, каде што прашања му поставуваа уредници и новинари од повеќе медиуми порача дека санкциите ќе продолжат и дека никој нема да биде амнестиран.

-Јавно апелирам до сите, тоа е наредба и на Владата, дека секоја казна мора да има конечна ефектива, да биде платена. Повторувањето на казните повлекува кривична одговорност, бидејќи тоа може да биде со последици за околината. До крај максимилизација на санкциите на сите што не ги почитуваат мерките.Колку помалку почитуваме мерки толку повеќе ќе има рестриктивни мерки и во делот на движењето – социјалниот живот и во делот на економијата и во делот на се што значи нормален живот на граѓаните. Колку толку со маските имаме поприлично нормален живот – истакна  Заев.

Одговарајќи на прашање за евентуални нови рестриктивни мерки во есенскиот период, претседателот на Владата, Заев искажа уверување дека тоа нема да се случи, затоа што верува во свесноста на граѓаните, но и во ефикасноста на инспекциските служби задолжени за спроведување на мерките и задолженијата за заштита од коронавирусот.

„Надежта ми е кај граѓаните дека ќе ги почитуваме мерките, колку помалку почитуваме мерки толку повеќе ќе има рестриктивни мерки и во делот на движењето. Доминантниот фокус е на личните средства за заштита, носење маска, редовна дезинфекција, држење дистанца. Нашата надеж како држава, како извршна власт е прво ние, а после сите други да ги почитуваме експертите и професионалците што ќе го кажат. На крајот, личната заштита е тоа што дава најголеми ефекти“, порача Заев.

Премиерот Заев најави дека следува процес на доекипирање на инспекторатите за нивна уште поголема ефикасност, додавајќи дека нема да има амнестија за ниту еден граѓанин кој ги прекршил мерките и задолженијата.
„Покрај самоодговорноста и санкционирањето секаде во светот функционира и треба да функционира и кај нас. Затоа инспекциските служби почнуваат во постапки за нивно доекипирање и дооформување. Верувам дека ќе се најдат луѓе дури државата размислува како да ги мотивира со плати. Санкциите ќе продолжат, никој нема да биде амнестиран. Јавно апелирам до сите, тоа е наредба и на Владата секоја казна којашто е изречена мора да има конечна ефектива односно да биде платена“, посочи премиерот Заев.

На почеток