Над половина милион луѓе се евакуирани поради пожарите во американската држава Орегон и Пацифичкиот Североисток, соопштија властите.
Десетици жаришта во моментов горат, а најмалку еден пожар е подметнат.
Гувернерот Кејт Браун изјави дека точниот број на жртви не е познат, и дека досега се потврдени четири жртви, објави Би-Би-Си.
Канцеларијата за вонредни состојби во Орегон синоќа потврди дека повеќе од десет проценти од 4,2 милиони жители на оваа американска држава биле евакуирани од своите домови.
Масовна евакуација беше извршена и во предградијата на Портланд, а весникот „Портланд трибјун“ пишува дека овој град во моментов е најзагаден во светот.
(Фото: АП)