Дваесет и деветгодишен мотоциклист е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила во центарот на Скопје.
Според информациите на МВР, несреќата се случила околу 21:45 часот на крстосница од ул. 11 Октомври, ул. Даме Груев и ул. Филип Втори Македонски.
Во несреќата учествувале мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Н.(29) од Скопје и автомобил „фиат браво“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.М. од Скопје.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.