Полицијата го уапси 67 годишниот Б.И кој е осомничен за убиство на својата сопруга, 60 годишната Џ.И. Тој бил уапсен во регионот над гостиварското село Страјане и ќе биде пренесен во полициска станица, потврдија за Телма од МВР.
Безживотното тело на убиената жена, со повреди од удари со секирата, го пронајде нејзиниот 30-годишен син, В.И и веднаш го пријавил злосторството во полицијата.
фото: Телма