Негувателка од градинка во Битола е позитивна на ковид-19, а пет деца, три воспитувачки и две негувателки се ставени под здравствен надзор и во домашна изолација од 14 дена, соопшти битолскиот Центар за јавно здравје. Случајот е регистриран три дена по почнувањето со работа на градинките.
- Денес на регионот за ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола се потврдени 7 нови случаи на COVID-19. Во бројот на пријавени нови случаи во Битола припаѓа и едно лице кое работи како негователка во детска градинка. По спроведеното епидемиолошко истражување, за 5 деца од градинката, 3 воспитувачки и 2 негователки е даден предлог до ДСЗИ за ставање под здравствен надзор и домашна изолација во траење од 14 дена од контактот со позитивното лице, велат од центарот за јавно здравје од Битола.