Скопје

(ФОТО) Толпа малолетници упатувале вулгарни пцости и закани на скопскиот плоштад, тврди скопјанец кој е очевидец

ФБ статус:

Анатомија на грдото

Скопје.
Плоштад Македонија.
Неделно попладне.
14 часот.
13 Септември.
Тишина и мир.
Празни кафулиња.
Понекој намерник.
Во моето кафуле со другар ми Тони муабет за неверите меѓу луѓето.
Две маси од нас госпоѓа ви црн фустан твитка на мобил во својата осама.
Нејзината црна шапка и отмена елеганција ни привлекуваат поглед.
Гласот на Леонард Коен.
Алелуја.
Смирува.
Наеднаш гром од ведро небо.
Крик.
Се задава темен облак.
Толпа од 30-тина момчиња на околу 15 години со невидена агресија и со факли.
Облечени во црно.
Вулгарни пцости и смртни закани за нашите сонародници.
Седиме во кафуле чиј сооственик е муслиман.
Две маси од нас три девојчиња со шамии си пијат кафе.
Забележувам нелагодност.
Ретките гости им се извинуваме на сопственикот и на девојчињата.
Ќе помине велат.
Нема полиција.
Толпата одминува.
Завладува тишина и молк.
Стивна и Коен.
Налет и кафе.
Па тие се деца!?
Од каде излегоа пцостите и заканите!?
Па тие за љубов треба да крикаат!
Ова некој им го нарачал или ги подучил да мразат!?
Родителите!?
Останува горчливиот вкус.
Заминуваме во тишина.
Кабаетот не е во децава.
На друго место е.
По ѓаволите!
Па Скопје е град на солидарноста,на мултикултурата,на љубовта,на Нусе и на Марија,на Никола и на Мемо…
На каури и на арнаути и на сите други.
Нашето Скопје…
Градот убав…
Пак ќе никне…
Скопје младост ти ќе будеш…
Скопје ти си возвратена љубов!
Некој треба да стави прст на чело…
Ова беше само лош миг…
Простете, драги скопјани муслимани!
Скопје сепак е љубов и ние се сакаме! Нели!

 

https://www.facebook.com/nikolatt.kalajdiski/posts/118923063277760

На почеток