Познатата убавица од Барбадос, пејачката Ријана, пред неколку дена ги запали социјалните мрежи со провокативни фотографии без градник, на кои не можеше да одолее ниту нејзиното бившо момче Крис Браун.
Крис остави коментар под фотографијата, на што обожавателите на пејачката веднаш реагираа.
Тие не заборавија дека Крис ја претепа Ријана во 2009 година и му одговорија на социјалните мрежи.
Пејачката ништо не му одговори на својот поранешен дечко, а некои му порачаа на Крис дека е глупав што ја изгуби.
Крис Браун ја претепа Ријана во март 2009 година, ноќта пред доделувањето на наградите Греми.