Магазин

(ФОТО) Фатиме Фетаи се залижа за “Мажите на годината”

Детскиот хирург Владимир Чадиковски е прогласен за Маж на годината за 2018 година, за најголем придонес во општествотово, на изборот во организација на онлајн машкиот магазин Friday.mk и агенцијата Моментум.

Настанот се одржа синоќа во Тренд Гастро Бар, а присуствуваше и обвинителката Фатиме Фетаи која е пријателка на Огнен Јанески. Нејзината фризура беше вистински хит на настанот, а таа сензација за гостите.

„Види ја каква е, сјаје во секаква варијанта“, „Не ја можам колку е убава“, беа дел од коментарите кои можеа да се слушнат наоколу.

Живко Мукаетов беше избран за менаџер на годината, а признанието за млад менаџер на годината му беше доделено на Душко Чифлиганец. Амбасадорот на Холандија, Валтер Пломп, беше награден со статуетката странец маж. За маж со најголем придонес во споротот беше избран Кирил Лазаров, а маж на годината избран преку социјалните мрежи беше Огнен Јанески. Трифун Костовски, пак, беше награден со признанието маж со трајни вредности.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток