Магазин

Утре промоција на Избрани дела од Стојан Андов

Во свчената сала на Кинотеката на Македонија, на 30-ти ноември (петок) 2018 година во 18 часот, ќе бидат промовирани Избраните дела од Стојан Андов.

Во колекцијата од десет томови застапени се книгите: „На мој начин“, „Моите патувања“, „Стравот и љубовта“, „Кицо Американецот“, „Јосип Броз Тито и распаѓањето на Југославија“ ,„Приказната на Марија“, „Драматичната 1991 година“, „1992-година на опасни предизвици“, „Успеси и заговори -1993 година“ и „Пред атентатот и по него“.

За мемоарско-публицистичките и литературни дела ќе говорат Раде Силјан, главен уредник на изданието, акад.Владо Камбовски, писателот Блаже Миневски, надворешно-политичкиот коментатор Љубомир Гајдов и амбасадорот Љупчо Арсовски.

Со промоцијата на Избраните дела „Матица македонска“ ќе ја  одбележи и осумдесет и тригодишнината од раѓањето на Стојан Андов,прв претседател на Собранието на Република Македонија

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток