Свет

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Виетнамска полиција заплени 324.000 употребени кондоми, наменети за продавање

Виетнамска полиција запленила повеќе од 360 килограми кондоми, што одговара на износот од 324.000 кондоми употребени кондоми кои повторно илегално биле продавани, објавија локалните медиуми.

Снимките прикажани од виетнамската полиција покажуваат големи вреќи полни со кондоми расфрлани низ подот на магацин во јужната провинција Бин Дуонг.

Сопственикот на магацинот добивал месечна испорака на кондоми од непознато лице, пренесува весникот Труои тре.

Жената била уапсена за време на полициска рација, а полицијата соопштила дека таа најпрво ги варела кондомите во врела вода, а потоа ги сушела и ги преобликувала на дрвен стап пред да ги пакува и да ги стави во продажба.

Виетнамската телевизија соопшти дека не е јасно колку од рециклираните кондоми се веќе продадени, а жената е казнета со 0,17 долари за килограм кондоми.

Тоа е казна од 360 долари.

Ниту таа, ниту сопственикот на магацинот не биле достапни за коментар, пренесува Ројтерс.

На почеток