Речиси сите обвинители од поранешното Специјално јавно обвинителство конкурирале за петте работни места во Обвинителството за организиран криминал кое што го предводи Вилма Русковска.
До Советот на јавни обвинител каде треба да се направи изборот на новите обвинители досега пристигнале 15 кандидатури од СЈО не конкурирале само обвинителите Ленче Ристовска и Стево Доневски.
Се очекува изборот на новите колеги на Русковска да заврши кон средината на ноември.
Инаку од крајот на оваа година празна останува и функцијата републички јавен обвинител, бидејќи Љубомир Јовевски заминува во пензија.