Свет

Хрватска ја спаси туристичката сезоа, но придонесе за големо ширење на коронавирусот низ Европа

Хрватска беше една од ретките земји која во мај успеа да го намали бројот на активни случаи на коронавирус блиску до нула, но сега е пример како летниот туризам го покренал вториот бран на ширењето на заразата низ континентот.

Хрватска е земја чија економија во голем дел зависи од туризмот и тоа ги мотивираше властите да ги отворат границите за странските туристи во почетокот на летото. Заразените туристи потоа го носеа вирусот во своите земји, објави СДК.МК. 

Сепак, експертите посочуваат дека Хрватска е најдобриот пример како летната сезона ги уништи раните успеси на Европа во справувањето со коронавирусот. Откако го укина карантинот, хрватските власти дозволија повторно да се отворат клубовите и баровите во популарните приморски дестинации, привлекувајќи широк опсег на посетители, од германски студенти до Бијонсе и Џеј-Зи.

Триесет и четиригодишната Марија Тејеро патувала долж јадранскиот брег во август и таму начекала масовни забави и гужви во баровите и рестораните, без да се почитуваат препораките за носење маска и држење растојание.

„Луѓето љубезно ни кажуваа дека во нивните барови и продавници нема потреба да се носи маска“, изјави Тејеро.

Сега кога се борат со порастот на бројот на нови случаи на коронавирус, хрватските власти велат дека целосното отворање на земјата бил пресметан ризик, со цел да се спаси економијата.

„Луѓето мора да живеат. Можеби на крајот нема да биде така лошо“, кажа претседателот Зоран Милановиќ, посочувајќи ја малата смртност.

Т екстот во целост на : СДК.МК. 

На почеток