Новиот заменик-министер за здравство Илир Хасани денеска на Фејсбук се пофали дека наскоро ќе може да се оди на кафе во Приштина без ПЦР тест за коронавирус. Хасани официјално стапи на функцијата пред четири дена, кога ја презеде функцијата од досегашниот заменик-министер Арменд Арслани.
„Наскоро, кафе во Приштина без ПЦР-тест“, напиша Хасани на Фејсбук.
Вчера, министерот за здравство Венко Филипче кажа дека се водат разговори меѓу земјите од регионот за да се отворат границите без ПЦР тестови.