Македонија

Заев: Нема да има карантин, ќе има многу поевтини тестови, со што ќе може многу побрзо да се детектираат заразените

Нема да има карантин како мерка против ширењето на коронаворусот, вели премиерот Зоран Заев, бидејќи тоа оди директно на штета на економијата.

Тој најави дека во следниот период ќе се зголеми капацитетот на јавните установи за тестирање и ќе се набават многу поевтини тестови, со што ќе може многу побрзо да се детектираат заразените случаи и нивните контакти и да се изолираат.

„СЗО веќе одобри тестови од нови компании, кои се за 30, 40, 50 отсто поевтини од овие сега и резултатите се добиваат за 20 минути. Се надевам дека на тој начин ќе се зголеми капацитетот на јавните здравствени установи, а потоа тоа ќе се одрази на приватните, бидејќи никој нема да плаќа поскапо ако има ваква можност“, истакна премиерот  во емисијата „Само интервју“ на Канал 5.

На почеток