На 28.09.2020 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога во координација со СВР Велес во местото Јаворица, Демир Капија пронајдоа насад со 65 стебла канабис со висина од 2,5 до четири метри и на лице место приведоа две лица С.С. (33) и А.С. (56) од Демир Капија поради соменние за недозволено производство и продажба на марихуана. На лице место се пронајдени и цевки за наводнување, како и друга опрема за обезбедување и заштита на насадот. Извршени се и претреси на две локации во околината на Неготино, при што се пронајдени два карабина и една ловна пушка., како и поголема количина цветови од канабис подготвена за сушење и продажба. Денеска против двете лица ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 и член 396 до Основното јавно обвинителство- Неготино.
Министерството за внатрешни работи продолжува со интензивни акции со цел сузбивање на нелегалната трговија со дрога, како и другите видови криминал.