„Цената на електричната енергија се одредува со важност од први јули, годинава за прв пат тоа се случи од први август. Целта на власта беше јасна и единствена и за да не се губат политички поени. Шверцерски ја зголеми по изборите иако според мене не требаше да се зголеми поради тоа што голем дел оди за универзалниот снабдувач“, рече Христијан Мицкоски, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва при своето на гостување во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.
„Ако цената се определува од први јули, а сега се најавува од август јасно сега се поставува прашањето зошто е тоа така. Одговорот е многу едноставен, затоа што имаше избори и на сите им беше јасно дека цената на електричната енергија за граѓаните кои ја добиваат од универзалниот снабдувач ќе биде поголема. А зошто на сите им беше јасно, затоа што е нереално голем процентот кој го има универзалниот снабдувач“, објасни Мицкоски.
Според Мицкоски математиката на владата е јасна не сакаа да губат поени и Владата и сугерира на Регулаторната Комисија тоа да се одложи и да го направи и објави за од први август.
Мицкоски посочи дека власта неколку пати се има обидено да го извалка неговото име со разно разни лаги, но не им поминаа. Вистината секогаш излегува на виделина.
„На луѓето од мое обезбедување графички на тие видео записи од камери им се ставаа во мафијашки стил ракавици, па се убедуваше јавноста, се зборуваше две–три недели дека јас сум прекршил некакви мерки во тек на пандемија“, нагласи Мицкоски.
Мицкоски додаде дека за тој случај се произнесе и јавното обвинителство при што рече дека наводите на СДСМ се лага.
„Се обидуваа од власта и овие избори да наштетат. Еве обвинителството излезе и даде своја изјава и рече дека не било така. Односно не сум бил таму присутен. Тоа било месеци претходно“, истакна Мицкоски.