Од Вардар остана само тиња и смет. Наместо атракција, Вардар во центарот на Скопје наликува на исушена река. Коритото на Вардар веќе со години е преполно со ѓубре, комунален и градежен смет, а често може да се забележат и стари машини за перење, апарати за домаќинство и секако фекален отпад што никако не се решава ниту пак се применуваат изработените планови во политичките програми на партиите.
Граѓаните коментираат дека ако се продлжива вака, ќе го изгубиме и Вардар, а коритото ќе остане место за отпадоци.