Свет

„Њујорк тајмс“: Позитивниот тест е сериозен удар за политичка иднина на Трамп

Според весникот „Њујорк тајмс“ , американскиот претседател треба да размисли за повлекување од кампањата и од изборите за уште еден мандат,   Трамп со месеци ја потценуваше сериозноста на пандемијата, убедуваше дека ситуацијата е под контрола и инсистираше дека земјата го гледа крајот на кризата, а се исмеваше и со неговиот противкандидат Бајден дека носи заштитна маска.

Доколку во наредниот период претседателот на САД, Доналд Трамп, покаже симптоми и се разболи од ковид-19, тоа ќе поттикне прашања дали неговото име треба да стои на гласачките ливчиња на изборите на 3 ноември, пишува денеска „Њујорк тајмс“.

Весникот наведува дека откако Трамп (74) објави дека се тестирал и е позитивен на коронавирус, тоа сега преставува закана за неговата изборна кампања против опонентот Џо Бајден, претседателски кандидат на демократите.

„Дури и да не појави симптоми, тој треба да се повлече од кампањата и да биде во изолација во текот на незнаен временски период“, наведуа весникот.

Позитивниот тест на коронавирус, според „Њујорк тајмс“ е сериозен удар за неговата политичка иднина, со оглед на тоа што тој со месеци ја потценуваше сериозноста на пандемијата, иако вирусот се уште е опасен и убива најмалку 1.000 Американци дневно. Трамп повеќе пати повтори дека „вирусот ќе исчезне“. Убедуваше дека ситуацијата е под контола, и инсистираше дека земјата го гледа крајот на кризата. Претседателот, исто така, ги потценуваше експертите и епидемиолозите и се исмеваше со нивните тврдења велејќи, дека тие грешат за сериозноста на ситуацијата.

 

На почеток