Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, рано изутрина, пред закажаниот термин во 10 часот, дошол во просториите на поранешно СЈО да даде одбрана за случајот „Попис“ каде што е осомничен заедно со поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ и експремиер Никола Груевски. Ахмети самиот побарал, поради обврски, да дојде порано.
Според информациите на „360 степени“, тој давал одбрана еден час и си заминал. Кога новинарските екипи се собраа пред просториите на СЈО, половина час пред закажаниот термин, лидерот на ДУИ веќе заминал од обвинителството.
Случајот од септември лани, по примопредавањето на предметите ма СЈО, е во рацете на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, а надлежна обвинителка во истрагата остана Фатиме Фетаи.