Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија денеска го потпиша Решението за распишување на предвремени избори за градоначалник на Општина Пласница и Општина Штип. 13 декември 2020 година (недела), е денот утврден за одржување на изборите. Решението ќе го спроведат Државната изборна комисија, Општинската изборна комисија и избирачките одбори а влегува во сила со денот на објавување во „Службен весник на Република Северна Македонија.“
Изборите за градоначалник во Општините Пласница и Штип ќе се одржат во недела на 13 декември 2020 година
Од
Објавено на