Миистерот за здравство, Венко Филипче, соопшти дека само 9 деца во целата земја кои посетувале градинка од отворањето на градинките на 9 септември биле позитивни на коронавирусот, со лесна симптоматологија, а 4 се веќе оздравени.
Вирус е регистриран кај 13 вработени од 311 објекти во земјата.
https://www.facebook.com/filipce.venko/posts/2509097526063932
Денеска со градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин, тој ја посети градинката „Бубамара“ во населбата Аеродром каде што разговарале со директорката и вработените како се одвива воспитно-згружувачкиот процес со спроведување на протоколите.