Денеска се навршуваат 25 години од неуспешниот обид за атентат врз македонскиот претседател Киро Глигоров. Глигоров го преживеа атентатот, повреден беше неговиот телохранител Илчо Теовски, но загинаа неговиот возач Александар Спировски, како и пензионерот Ристо Хаџиманов, кој во 9 часот и 50 минути поминувал на улицата „Македонија“ пред хотелот “Бристол” во Скопје.
И покрај ветувањата дека сторителот на атентатот ќе биде откриен и истиот изведен пред лицето на правдата, сепак тоа до ден денешен не се случи. Пред три години години, Стојан Андов предизвика шок со својата последна книга, во која тврди дека организаторот на атентатот врз претседателот Киро Глигоров, е познат.
Од книгата „До атентатот и по него“ од Стојан Андов, може да се заклучи дека нарачателот на атентатот е познат.
Во текот на годините се појавија неколку верзии за тоа, кој е нарачателот на атентатот, но извршителите и налогодавачите, така и не беа пронајдени.