Македонија

Мицкоски: Над 8 милиони евра се потрошени за службени возила, но Јанкулоска одговара за мерцедесот што Заев го вози

Во Скопје вечерва се одржa нов протест на опозициската ВМРО-ДПМНЕ под мотото „против неправдите, реваншизмиот и политичкото насилство“. Членовите и симпатизери на партијата предводени од лидерот Христијан Мицкоски се собраа во центарот на градот, а во првите редови носеа транспарент „Доле мафија, правда сега“.

Не може мафијашка влада да вика дека сме правна држава, а никој да не одговара за криминал, додека секој ден се редат афери без никаква разрешница, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вечерашниот протест.

-За 2 месеци им пропадна банка од 500 милиони евра. Во Тетово овозможија милионски бизнис за анти-ЕУ и анти-НАТО бизнисмен, кој сам кажа дека платил за рефендумот. Над 8 милиони евра се потрошени за службени возила, но Јанкулоска одговара за мерцедесот што Заев го вози. Додека сите гледаа во лисиците на рацете на Јанкулоска, има хаос со почеток на учебната година. Таа оди во затвор, а го пуштија убиецот на Мартин Нешковски – рече Мицкоски.

Горде отиде во затвор, ама оваа иста власт, истава мафија го пушти на слобода убиецот на Мартин Нешкоски. Е тоа е мафија. Во овие два месеци ја зголемија цената наелектричната енергија, не затоа што се зголемени трошоците туку да има повеќе влечење на пари од универзалниот снабдувач, а потоа ќе ме малтретираат на телевизиски интервјуа во коалиција со универзалниот снабдувач затоа што тој плаќа, плаќа од нашите пари, народни пари за да можат да го напаѓаат лидерот на опозицијата затоа што тој протестира поради зголемената цена на електричната енергија, затоа што народот се пљачка, затоа што народот се тормози и навредува. Ете таква е правдата која што оваа  мафија на СДСМ, заедно со корумпирана бизнис елита ја донесоа во нашата Македонија.

 

Да не зборам за оние тендери од 200-300 илјади евра доделувани на советничиња во власта, тоа стана ситна работа во споредба со главните пари на мафијата. Сето ова само за два месеци а обвинителството молчи. Се разбира обвинителството молчи, заспано е, затоа што неспорно тоа е дел од мафијата. Не може да постои мафија ако не постои обвинителство кое амнестира криминал и судство кое што ја помага мафијата. И нивната вина не е само со не казнување на криминалот туку и со произведување на криминал. И ова не го зборам на памет.

Овие два месеци излезе извештај на државна институција ДЗР со кој се констатира дека СЈО, се сеќавате на онаа изјава на Зоран Заев кога вели дека со мене не можел да се договори  затоа што претходно се договарал за Пржино, а резултат на Пржино е СЈО со кое што денеска илјадници членови и активисти на ВМРО-ДПМНЕ се тормозат. Ете тоа СЈО украло ваши пари, криминалците од СЈО украле ваши пари 4,6 милиони евра. Тие кои што требаше правда да донесат, крадеа ваши пари, пари на народот, тешко спечалени пари на народот. Е затоа Христијан не се  договараше Зоран Заев со тебе, за да нема ново Пржино, за да не може истите тие бандити да украдат нови милиони евра ниту од народот, а ниту од владата. Е затоа јас никогаш нема со тебе да се договорам, ниту за тој договор понижувачки од Преспа, ниту за договорот од Прижино, за да не оставиме на бандитите парите на народот да ги крадат и да не одговараат за тоа.

Потрошиле 4,6 милиони евра, за додатоци на плата а ништо не сработеа освен да посипуваат со пепел и да уценуваат луѓе за пари, истакна Мицкоски.

На почеток