Најмалку две лица го загубија животот во поплавите во Франција и Италија, додека десетици се водат за исчезнати.
Невремето што ги погоди југоисточна Франција и северна Италија предизвика големи поплави од двете страни на границата. Водата уништи мостови, блокираше патишта и изолирани села.
Еден волонтер пожарникар загина во Италија за време на интервенција.
Уште едно тело е пронајдено во провинцијата Верчели.
Во Италија пак има најмалку 17 лица исчезнати.
Количината на дожд што падна во текот на ноќта во италијанскиот регион Пиемонт не е забележана од 1958 година.
Во Франција најмалку девет лица исчезнаа во поплавите откако на подрачјето околу Ница во Франција за само 12 часа наврнал дожд, речиси колку просечниот годишен просек.
Локалните власти ги повикаа граѓаните да не ги напуштаат своите домови.