Експратеникот Крсто Мукоски обвинувањата од пратеникот Антонијо Милошоски дека е во сојуз со Заеви ги нарече шпекулации без докази, а протестите кои ги организира ВМРО-ДПМНЕ за исправање на неправди ги нарече: У
„По свадба, тапани“. Мукоски за „А1он“ вели дека неговото име, како и имињата другите пратеници кои гласаа за уставни измени, се користат само за добивање на ситни политички поени. Тој го обвинува раководството на ВМРО-ДПМНЕ за безидејност, саботирање на протестите кои биле организирани од претходното раководство против прогон на луѓе, како и за минирање на Законот за амнестија, кој и тие го гласале. Поранешниот пратеник, Муковски, повикува да се организира Конгрес за членовите и делегатите изберат кој е најдобар кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ваквите настани како вчерашниот кажуваат само дека раководството на ВМРО-ДПМНЕ прави груба злоупотреба на членството и си игра со чувствата на луѓето кои имаат мака. Целта е една, да се добие некој политички поен во овие услови на внатрешно пребирање и да се остане на трнот на партијата. Тие за таа цел го користат моето име и името на осуммината пратеници. Ако добро погледнете, уставните измени се изгласаа со 81 глас. Немаше ниту еден пратеник кој што беше против. ВМРО-ДПМНЕ за жал избега од сите процеси. Основниот фундамент кој беше Евроатланските интеграции и сојуз со САД, ова раководство го изигра. Скршна во сосема обратен правец. Доколку ВМРО-ДПМНЕ излезеше со некаков концепт каде треба да се движи државата, што треба да се направи, тогаш ќе беше добро. Тогаш луѓето ќе можеа да судат. Но со бегање од процесите без став, за потоа, да се критикува е малку жална ситуација. Луѓето кои ги праќаат да даваат такви изјави, не би сакал да ги коментирам. Нив добро ги познавам бидејќи сум од 1990 година во ВМРО, па добро знам кои беа во 2002 година, во која барака од Влада живееше Антонио под наем, па колку имот има сега и така натаму. Во такви игри, не би сакал да навлегувам“, вели Мукоски за „А1он“.