Владата вечерва ги прифатила предлозите на Комисијата за заразни болести за нови мерки за заштита од ковид-19, кои овој пат главно предвидуваат ограничувања во работата на угостителските објекти.
Во изјава, во вестите на ТВ21, Филипче посочи дека овие мерки се едногласно донесени во Владата и доколку има потреба ќе се препорачаат нови рестрикции.
„Тоа значи дека повеќе нема да има гостување на пејачи и на диџеи во угостителските објекти. Потсетуваме повторно дека нема дозвола за работа, односно во ниту еден момент не добија дозвола дискотеките и ноќните клубови. Понатаму се намалува дозволената јачина на звукот на 55 db за да се одржи препорачаната дистанца и се намалува бројот на лица коишто седат на една маса од 12 на 4 лица“, посочи Филипче.