Македонија

Владата демантира дека премиерот Зоран Заев поседува куќа на Халкидики

Владата демантира дека премиерот Зоран Заев поседува куќа на Халкидики, откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, одговарајќи на прашање на фејсбук, рече дека во имотниот лист има имиња кои можат да се поврзат со семејството Заеви.

„Владата на Република Северна Македонија останува на определбата за борба против дезинформациите кои се главен непријател на демократијата и општествениот напредок. Граѓаните имаат право на пристап до релевантни и вистинити информации и Владата преку јавните институции и отворената соработка со медиумите и медиумските здруженија воспостави нови практики на почитување на принципите на вистинитост, отчетност и транспарентност“, се наведува во соопштението од Влада.
На почеток