Македонија

Болниците во Прилеп, Струмица, Велес полни со пациенти со КОВИД 19, новите пациенти се препраќаат во други градови

Во моментов целосно се полни инфективните одделенија во Прилеп, Куманово, Струмица и Велес. Пациентите од овие места ќе се препраќаат во другите градови, истакна на денешната прес конфереција министерот за здравство Венко Филипче.

„Спремна е болницата во Кочани и Кавадарци. Новото крило во струмичката болница и во други одделенија во тетовската болница, освен во инфективниот оддел. Во Скопје има 20 празни места на Инфективната клиника и 72 во монтажната болница. Првично ќе сместуваме пациенти во Инфективната клиника и монтажната болница, со цел болницата ‘8 Септември’ да може да продолжи со нормална работа и во другите оддели за други болести“, рече Филипче .

Министерот додаде дека има место за сместување на пациенти и во другите оддели на болниците, но тоа, како што рече, ќе влијае на лекувањето на пациенти со други заболувања.

На почеток