Македонија

Наместо да оди во самоизолација, заменик министерот за здравство гостува по емисии и се спрема за кафе во Приштина?

Заменик-министерот за здравство, Илир Хасани, од редовите на ДУИ, кој воедно е и лекар (!), во гостување на телевизијата Клан Македонија призна дека седел во локал со 4 лица, од кои едното е позитивно на коронавирусот.

„Јас вчера бев на една маса со 4 лица… од кои кај едниот од нив денеска излегол резултат дека е позитивен. Иако држевме доволно дистанца меѓу нас, иако беше надворешен амбиент. Но многу подруго е да се контролираат 4 лица, отколку 12 лица…“, изјави Хасани во вчерашното гостување на Клан МК, објави  frontline.mk.

Се поставува прашањето, зошто заменик – министерот не е во самоизолација по контактот со заболено лице, туку гостува во ТВ емисија, доведувајќи во потенцијален ризик и други луѓе?

Инаку, новиот заменик-министер за здравство Хасани, откако стапи на функцијата, стана „популарен“ по неговата неодамнешна изјава дека „набргу ќе се пие кафе во Приштина без ПЦР тест“. По вакви неодговорни постапки, останува да видиме кој ќе биде јунакот што ќе пие кафе со него во Приштина?

Извор: frontline.mk

На почеток