Коментари

Беќаровски: Позитивен ПЦР тест не значи дека сте заболен од корона!

Професор и доктор Нико Беќаровски објави неколку тврдења за коронавирусот , кои се погрешни и кои би требало да ги прочита секој еден граѓанин со цел да се информира за некој нејасни работи и дилеми околу болеста која коси низ целиот свет. Тој на својот ФБ профил напиша:

ДА РАСЧИСТИМЕ НЕКОЛКУ ПОГРЕШНИ ТВРДЕЊА ОКОЛУ КОРОНАВА

 

  1. Позитивен ПЦР тест не мора да значи дека сте ЗАБОЛЕН  од СарсЦов-2 !!!!!
  2. Ако имате покачена температура, сува кашлица, отежнато дишење, изгубен вкус или мирис, главоболка, вртоглавица, пролив, осип по кожата, имате голема шанса дека сте ЗАБОЛЕНИ од СарсЦов-2. Колку повеќе симптоми толку поголема веројатност !!!!!
  3. Ако имате повеќе симптоми, побарајте да Ви се направи лабораторија и РТГ на бели дробови, за да се процени тежината на болеста.
  4. Дневните извештаи на МЗ покажуваат само колкав е бројот на новооткриени со позитивен ПЦР тест, а НЕ И БРОЈОТ НА ВИСТИНСКИТЕ НОВИ БОЛНИ. Болест без симптоми не постои!!!
  5. Болен со симптоми е ЗАРАЗЕН за околината, а човек со позитивен ПЦР тест без симптоми НЕ МОРА !!!!!
  6. Бројот на новохоспитализирани и починати е вистински репер за вирулентноста на СарсЦов-2.
  7. Не барајте да се зголеми бројот на тестирања во Македонија. Парите може да се искористат за современи лекови. Треба да се тестираат само луѓе со СИМПТОМИ !!!!
  8. Негативен ПЦР тест со неколку симптоми на болеста, НЕ ЗНАЧИ дека немате Цовид-19, напротив задолжително направите лабораторија, антитела, РТГ.
  9. Сите вируси се лекуваат симптоматски, а мал дел и со антивиремици. За СарсЦов-2 се уште нема ефикасен антивиремик !!!

На почеток