Премиерот Зоран Заев денеска нагласи дека македонската и бугарската страна имаат разговори и дека целта е земјата да оди напред, за што верува дека од нашата страна се прават максимални напори.
-Не знам на што мисли Мицкоски точно, но ние имаме разговори, дел од тие разговори се со пишани материјали, мора да ги дадеш формулациите со кои се разговара, а јас не би ги коментирал. Одговорни сме, сакаме земјата да ни оди напред и верувам дека ги даваме максималните напори и посветеност, имаме позитивни аспирации, внимание, пријателство за да ги постигнеме договорите, рече Заев.
Заев нагласи, даваме шанса да продолжат понатаму нашите министри, советниците од кабинетите, сите стручни луѓе кои учествуваат во ова да разговараат за да се изнајде решение.
– Решение може да се изнајде. Кога зборувате за нешто што ви е дел од веќе прифатени и усогласени работи, како што е заедничката историја. Тогаш треба да бидете паметни и да го искористите тоа за пријателство, а не за непријателство и за поделби, тука е суштината. Затоа сме вака внимателни и не навлегувам во суштината на одговорот директно. Треба да се даде шанса на успешни процеси на разговорите. Досега успеавме, земјата ни оди напред, можеме да ја ефектуираме одлуката за почеток на преговорите со одржувањето на првата Меѓувладина конференција, истакна премиерот Заев.