Свет

Хрватскиот премиер: Нападот врз полицаецот во Загреб има елементи на терористички акт

Хрватскиот премиер на владина седница изјави дека пукањето на плоштадот Свети Марко во Загреб, во кое полицаец беше сериозно ранет во понеделникот, има и елементи на терористички акт.

Андреј Пленковиќ веднеш по пукањето изјави дека, според информациите што ги има во тој момент, станува збор за обид за тешко убиство и самоубиство.

„Полицијата и Државното правобранителство ги утврдуваат околностите на злосторството, но мотивите и причините за ова дело треба да се отворат како тема. Според информациите што ги имаме досега, делото има и елементи на терористички акт“, рече Пленковиќ на отворениот дел од владината седница.

Тој соопшти и дека го посетил ранетиот полицаец кој, како што вели, се чувствува добро.

На почеток