Лекарот и генерален секретар на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари во гостување на ТВ 24 истакна дека прцентот на позитивни на ковид-19 секојдневно расте и дека на милион починати ние сме први со околу 400 починати.
– Македонија е апсолутен шампион во регионот, после нас е Косово, па Босна и Херцеговина. Процентите се највисоки во однос на сите држави во нашето соседство. Есенскиот бран започна во сите држави и тоа беше очекувано – рече Таравари.
Таравари додаде дека би требало министерот Комисијата за заразни болести да ја праша зошто има толкав морталитет во државата од КОВИД-19. Зошто бројот на инфицирани случаеви на милион граѓани е толку напред пред другите држави во регионот. Што е работата, каде е пропустот?
„Јас мислам дека и предлозите што ги даваат за рестрикции, не ги дава министерот, туку ги дава Комисијата за заразни болести. Јас искрено мислам дека одамна сум го кажал тоа пред три – четири месеци дека треба да ја смени таа Комисија.“, нагласи Таравари.