Пулмологот Трајче Нешковски (32) почина попладнево, откако претходно му се слошило и со автомобилот удрил во дрво на „Рузвелтова“. Според неофицијални информации, Нешковски доживеал срцев удар по што изгубил контрола врз автомобилот.
Премиерот Зоран Заев, министерот венко Филипче, но и останатите сопартијци се опростуваат преку социјалните мрежи од својот пријател.
„Длабоко ме погоди веста за смртта на нашиот сопартиец, млад доктор, пулмологот Трајче Нешковски, долгогодишен член на СДСМ и доскорашен секретар на Социјалдемократската младина.
Жално е кога смртта нѐ разделува од пријателите и соработниците, а посебно е тажно кога прерано ќе заврши животот на некој толку успешен и млад човек.
Трајче ќе остане запаметен како голем човек, борец за својата земја, за граѓаните, за социјалдемократските вредности, успешен доктор и човек кој силно го сакаше својот роден град, Гостивар.
Упатувам искрено сочувство до фамилијата и пријателите, како и другарите и соработниците од Социјалдемократската младина на Македонија.
Почивај во мир драг Трајче“, напиша премиерот на ФБ.
https://www.facebook.com/zaevzoran/photos/a.10152031170622932/10159105073047932/
„Денеска изгубивме другар и доктор кој целосно се даваше за грижа и третман на нашите пациенти, родители, роднини, пријатели. Тој даде сѐ од себе во битката со коронавирусот грижејќи се за пациентите. Тој е мојот колега на кој засекогаш ќе бидам горд! Сочувство до семејството. Трајче почивај во мир, лесна ти земја, напиша на ФБ министерот венко Филипче.
https://www.facebook.com/filipce.venko/photos/a.1819648248342200/2520115644962120/
„Се понадевав дека е грешка или лага… Страшна вест. Почивај во мир Трајче, напиша на својот ФБ Радмила Шеќеринска.
https://www.facebook.com/sekerinska/photos/a.10151682409245163/10157203192495163/
„Почивај во мир Трајче. Сочувство до семејството“ напиша на својот ФБ профил министерот Оливер Спасовски..
https://www.facebook.com/o.spasovski/photos/a.319952798182350/1737878576389758/