Свет

Фрлена бомба во ресторан во центарот на Белград

Во ресторан во центарот на Белград ноќеска околу 2 часот е фрлена рачна бомба, објавија српските медиуми. Непознат маж ја активирал и ја фрлил во угостителски објект во Добрачинова улица каде експлодирала.

Експлозијата се случила во периодот кога ресторанот бил затворен и во него немало гости, и, за среќа, нема повредени.

Целиот случај го пријавил чуварот на објектот во близина, кој ги повикал службите за итни случаи.

Полицијата работи на расветлување на бомбардирањето и откривање на идентитетот на лицето кое ја фрли бомбата.

На почеток