Македонија

Османи: Убеден сум дека ќе се најде решение во врска со историските прашања и недоразбирања со нашиот источен сосед Бугарија

Mинистерот за надворешни работи Бујар Османи на прес-конференцијата во пресрет на македонско-бугарското ко-претседавање со Берлинскиот процес 2020 (БП-2020), рече дека самата идеја за процесот е поттикнување на регионална соработка и забрзуавње на евроинтеграцијата на регионот.

Тој откри дека во Софија разговарал со бугарската колешка Екатерина Захариева за активностите на Самитот, кој уште утре предвидува средба на министрите за внатрешни работи на Македонија и Бугарија, а ќе се разговара за идејата за патување со лична карта во шест земји од Западен Балкан.

Што се однесува за историските прашања и недоразбирања со нашиот источен сосед Бугарија, Османи вели:

  •  Очигледно се чувствува тензија на недоразбирање во преговорите со Бугарија. Се обидувам тоа да сфатам која е причината, но тоа е веројатно поради намалената комуникација поради изборите. Треба со ладна глава да пристапиме на ова прашање и има простор за разбирање на ова прашање. Имаме намера да создадеме амбиент, да ги охрабриме научниците. Јас сум убеден дека било кое решение ќе ослободи енергија и повеќе ќе не зближи. Ние како држава треба да излеземе од чувството на немање самодоверба. Убеден сум дека ќе се најде решение“, истакна Османи.

Во врска со тврдењата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека на средбата со Захариева му бил предложен нов договор, Османи потенцира дека не постои никаква конспирација во целиот процес и дека основната порака на Бугарија била содржана во изјавата на бугарскиот премиер Бојко Борисов, а тоа е дека не сака Бугарија да дојде во ситуација да ја блокира европската перспектива на земјава.

 

https://www.facebook.com/359477174168894/videos/1001796623666372

На почеток