Веќе три години се читаат и слушаат скандали низ медиумите со докази за проневери и сомнежи за криминал, а ЈО и финансиската полиција молчат. Се молчи за скандалот каде 270 000 евра беа доделени на фризерница од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Се молчи и за скандалот каде се доделени 83.000 милиони евра за тренирање на хрватско магаре, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓаните утре 16.10.2020 од 18:30 часот на протест од Министерство за правда до Секретаријат за европски прaшања и да се стави стоп за злоупотреба на европските пари, додаваат од партијата во своето соопштение.