Еден ден пред 13-тата годишнина од трагичната смрт на Тоше Проески, хрватската ѕвезда Тони Цетински објави фотографија со емотивен опис.
Како речиси секоја година, исто и оваа, по повод ден пред годишнината од трагедијата, хрватскиот пејач Тони Цетински, кој водено му беше добар пријател на Тоше, сподели емотивна објава на неговиот Instagram, заедно со фотографија.
https://www.facebook.com/tonycetinskiofficial/posts/4526977870707737
„Долги 13 години.
На утрешен ден, некаде во ова време нè напушти физички, но само физички брате мој. Не можам да верувам колку ми недостасуваш и до денес, и колку ни е тешко што си замина прерано. Животот навистина не е фер…
Ме прашуваш каде сум и што правам? Плачам, да плачам… На улица сум, нормално, и врне одвратен дожд, но твојата насмевка е надеж која во ова денешно и чудно време им е толку потребна на сите. Ќе биде сè во ред додека те имаме тебе, кој нè чува со својата присутност, песни и сè убаво и добро што остави на оваа планета.
Ти си ангел да добрината. Знам дека нè чуваш, како што и треба да знаеш дека секогаш си во нашите молитви. Те сака твојот брат“, пишува Тони.