Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски и ексминистерот Спиро Ристовски добија решенија за изолација. Поради ова денеска да се одложи судското рочиште за предметот познат во јавноста како „организаторите на 27 април”.
Решенијата за самоизолација ги добиле откако нивни блиски се позитивни на ковид-19. Позитивен на вирусот е и адвокатот на Ристовски.