Македонија

Три медицински сестри во струмичката болница – позитивни на КОВИД 19

Нови три медицински сестри од струмичката болница се позитивни на ковид-19. Станува збор за персонал кој работеше во новоотворениот ковид центар заради што струмичката болница ангажираше сестри од другите одделенија каде исто така заради обемот на работа недостасува персонал, објави СДК.МК.

„За да функционира новоотворениот ковид центар ангажираме сестри од други одделенија. Но и таму е зголемен обемот на работа така што ни недостасува персонал. До Министерството за здравство испративме барање за одобрување на дополнителен персонал во Струмица односно доктори и медицински сестри да бидат регрутирани од други градови за овде да работат оти ни требат во овој период“ вели  директорот Гогов кој минатата недела откри дека вирусот бил дијагностициран кај 5 здравствени работници од болницата.

 

Тексто во целост на:  СДК.МК.

 

 

На почеток