Не може да се прават компромиси со историјата и јазикот, порача бугарскиот претседател, Румен Радев, пренесе БГНЕС.
„Луѓето од бугарско-македонската комисија се професионалци, тие ќе ги бараат и бранат како и досега историската вистина и бугарскиот национален интерес. Мојата порака до нив е дека политичарите не може да абдицираат од овој важен процес за Бугарија, Македонија и ЕУ. Крајно време е да се најде политичко решение што ќе ги потврди сите принципи на почитување на историјата и добрососедството и почитување на нашиот идентитет и јазик“, изјави Радев.
Според него, секогаш има простор за компромиси, но тие не може да се направат со историјата, идентитетот и јазикот или со барање за националните малцинства.