Францускиот претседател Емануел Макрон ќе ги посети предградијата на Париз каде што беше нападнат и обезглавен наставник од убиец кој извикувал „Алаху Акбар“, јави телевизијата БФМ.
„Ројтерс“ јавува дека Макрон вечерва ќе оди во населбата Конфлан Сен-Онорин, предградие северозападно од Париз, по итен состанок во Министерството за внатрешни работи.
Француската полиција го застрела човекот кој нападнал друго лице со нож во близина на Париз и му ја отсече главата.
