Свет

Во албанските територијални води пронајдена напуштена јахта со знаме на Словенија

Јахта едрилица која пловела под знамето на Словенија, албанската поморска гранична патрола ја пронашла напуштена на отворено море во близина на областа Поток.

Таа била откриена пред два дена, но истата синоќа е извлечена до пристанишнот град Шенќин. Два дена била набљудувана, но не е забележано никакво движење ниту внатре, ниту надвор од јахтата.

Во пловниот објект „Таи-Пан“, кој најверојатно испловил од Грција со дестинација Црна Гора, не се пронајдени документи, но постои сомнеж дека лицата кои биле внатре, веднаш ја напуштиле кога ја забележале патролата.

Албанската полиција почна истрага во соработка со прстанишните власти на соседните земји.

На почеток