Свет

(ВИДЕО) Протести во Франција поради убиството на наставникот

Илјадници луѓе излегоа на улиците на Франција во знак на поддршка на наставниците и со цел да ја одбранат слободата на изразување по убиството на наставник по историја. Францускиот премиер Жан Кастекс, министерот за образование Жан-Мишел Бланкер, како и други политичари присуствуваа на митинг на плоштадот во Париз во знак на солидарност по нападот.

„Не се плашиме. Нема да не разделите. Ние сме Франција”, рече Кастекс подоцна на Твитер.

Демонстрантите носеа заштитни маски поради пандемијата на коронавирус и транспаренти на кои пишуваше „Да учиме, не да крвариме“ и „Јас сум Шарли“, алудирајќи на сатиричното списание „Шарли ебдо“, кое беше мета на масакр пред пет години.

Полицијата го забележала осомничениот напаѓач додека носел нож на кратко растојание од местото на нападот и пукала во него. Извор од полицијата рече дека сведоците слушнале како напаѓачот извикува „Алаху Акбар“ или „Бог е голем“. Портпарол на полицијата изјави дека информациите се проверуваат.

Осомничениот, по потекло од Чеченија, е роден во Москва и имал 18 години, пренесоа француските медиуми.

Франција им понуди азил на многу Чеченци од почетокот на конфронтацијата на Русија со исламистичките сепаратисти во Чеченија во 90-тите и раните 2000-ти, а во Франција има чеченски заедници.

На почеток