Македонија

ВМРО-ДПМНЕ бара време да се изјасни за измените на Законот за заштита од заразни болести

На барање на опозицијата на денешната 18. собраниска седница не се расправаше за измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести, по скратена постапка, којшто треба да бидат основа за спроведување нови мерки за заштита од коронавирусот.

Од пратеничката група на СДСМ посочуваат дека опозицијата побарала време да го разгледа бидејќи имале сомнеж во некои одредби.

 

На почеток