Свет

(ВИДЕО) Каракачанов: Доколку е потребно, ќе испратам инженерскиот полк да ги отстранат сите споменици во Скопје

Министерот за одбрана, Красимир Каракачанов во интевјуто за „Дарик радио“, го повтори ставот дека Македонија мора да се придржува до договорот што го потпиша пред три години. Т0ј додава дека не треба да се потпише нов договор.

– Во Скопје, тие се обидуваат да се вратат 1.000 години наназад за да и дадат легитимитет на теоријата за Коминтерна и по 1944 година за Титова Југославија – рече Каракачанов.

– Договорот јасно кажува дека фалсификатите во врска со историјата мора да се расчистат – рече тој.
– Буквално вчера тие одбија да работат во заедничката комисија. Тие го слават националниот празник на 11 октомври против таканаречениот „бугарски окупатор – рече Каракачанов во интервјуто.

– Доколку е потребно, ќе им го испратам инженерскиот полк да ги отстранат сите споменици, кои не одговараат на историските факти – рече Каракачанов.

 

На почеток