Македонија

Костадинов: Барањето на ВМРО-ДПМНЕ за формирање на специјална комисија која ќе се справува со коронавирусот е уште едно во низата деструктивни дејствувања на опозициската партија

Барањето на ВМРО-ДПМНЕ за формирање на специјална комисија која ќе се справува со коронавирусот е уште едно во низата деструктивни дејствувања на опозициската партија, обвини Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.

„Наместо носење на измените на Законот за заштита на населението од заразни болести, кои се важни за поголема заштита од коронавирусот ВМРО-ДПМНЕ и губитникот Христијан Мицкоски прават се за да го кочат процесот. Тоа е опасно по јавното здравје и спротивно на интересите на граѓаните и здравствените работници. Комисијата за заразни болести е составена од стручни, докажани професионалци во здравството и нема никаква потреба од формирање нова, паралелна комисија“, изјави Костадинов.

Според него, тоа нема да придонесе во поефикасна борба против коронавирусот, туку само дополнително ќе го усложни целиот процес.

„Сите, а особено опозицијата треба да се насочат кон заштита на здравјето на граѓаните, а не кон политички игри. Здравјето на граѓаните е најважно. Како народни претставници имаме обврска да работиме во интерес на граѓаните и заштита на јавното здравје. Да бидеме одговорни и да ги донесеме измените на Законот за заштита на населението од заразни болести“, рече портпаролот на СДСМ.

На почеток