Свет

Во Косово за време на пауза од ручек од Државната каса исчезнаа 2, 7 милиони евра

Косово го тресе невиден скандал. На 9 октомври од Државната каса преку Електронскиот систем за финансиско управување и контрола (КФМИС) исчезнаа 2 милиони и 77 илјади евра за само неколку часа.

Според податоците кои се познати досега направени се 4 плаќања во име на три патни проекти. Огромната сума пари од Буџетот се префрлени на сметката на компанија со име „ЛДА Груп Ш.П. К“, со седиште село Лапушник кое се наоѓа во дреничкиот регион, по основ на три проекти: патот Жур-Драгаш, патот Призрен-Превала и патот Приштина-Митровица. Компанијата „ЛДА Груп“ никогаш немала склучено договор со Министерството за инфраструктура.

Приштинскиот весник Коха објави дека кражбата се случила во 12:41 часот, во времето кога службениците на администрацијата имаат пауза за ручек, објави  slobodenpecat.mk. 

За кражбата е осомничен вработен во Министерството за финансии на Косово, Лабинот Груда кој како финансиски службеник во ова министерство работи веќе 11 години. Груда кој е по потекло селото Коморан, кое е во истиот реон како и фирмата, е уапсен во вторник на 20 октомври. Полицијата извршила претрес на неговиот имот во Коморан како и во неговиот стан во Приштина при што му одземен му е автомобил „Ауди А4“.

Текстот во целост на: slobodenpecat.mk. 

 

На почеток