Магазин

(ВИДЕО) Научниците во грлото пронашле нов орган

Научници пронајдоа нов орган во грлото на човекот додека спроведувале истражување за рак на простата.
Досега, експертите сметаа дека има само микроскопски плунковни жлезди во назофаринксот зад носот, но истражувачите од холандскиот Институт за рак открија нов сет плунковни жлезди долги скоро 2 см.

Новооткриените жлезди ги нарекле тубуларни плунковни жлезди заради нивната позиција над делот од ‘рскавицата наречен торус тубариус.

За време на PSMA PET-CTскенирање, лекарите му инјектираат на пациентот радиоактивна „трага“. Овој трасер добро се врзува за PSMA протеинот, кој е покачен во клетките на ракот на простата, а исто така е многу добар во откривање на ткивото на плунковните жлезди.

Истражувачите рекоа дека новооткриените жлезди најверојатно се користат за подмачкување на горниот дел од грлото зад носот и устата, пишува Sky News.

На почеток